Адеми: Да се воздржиме од насилство, протестот и револтот да бидат исконтролирани

од Nikola Popovski
295 прегледи

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми вели дека не очекувал протести пред Влада во вакви околности.

-Дозволено е да се изрази и мислење во законските норми. Четирите најголеми политички партии се стремевме за постигнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ. Сме потпишале Договор за добрососедство, а протоколот кој се споменува е во насока на имплементација на само еден дел од Договорот со Бугарија, кој никако не е дел од преговарачката рамка. Треба да се воздржиме од насилство. Целиот протест и револт да биде исконтролиран, тоа се наши институции и наш имот. Не треба да оставаме лоша слика пред целата јавност. Дебата има, дискусии има и добро е што е дискутира. Само на ваков начин ќе ги расчистиме недоразбирањата, да ги дообјасниме околу францускиот предлог, рече Адеми во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини