Адеми демантира дека Ахмети планира политичка пензија

Адеми бил дециден дека повлекувањето на Ахмети од ДУИ воопшто не доаѓа во предвид

од Nikola Popovski
15 прегледи

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, денеска ги демантира објавите во медиумите дека лидерот на партијата, Али Ахмети, по локалните избори ќе се повлече од политичката сцена. Ваквата негова изјава следува откако медиумот на албански јазик во земјава „Фол“ објави дека лидерот на ДУИ, сериозно размислува да повлече од активната политика по завршувањето на вториот круг од локалните избори.

Адеми бил дециден дека повлекувањето на Ахмети воопшто не доаѓа во предвид.

-Напротив, ние се чувствуваме како победничка партија на локалните избори. Освоивме 23 000 гласа повеќе од ВЛЕН, а го зголемивме и бројот на советници на 120. Со толку гласови на парламентарните избори би го зголемиле бројот на пратеници на 20, додека ВЛЕН би освоиле само 15, посочил потпретседателот на ДУИ.

Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и од Косово. Според порталот конечната одлука би можела да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори.

По изборите на 19 октомври, Ахмети не даде изјава во медиумите ниту, пак, се огласи на социјалните мрежи.