374
„Ние одамна сме рекле отворено дека ќе го поддржиме ова прашање, дури една од точките на колацискиот договор беше решавањето на државјанството за лицата кои за жал немаат“, изјави пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми во гостување на ТВ Алсат.
Според него, со гласовите на ДУИ се усвои точката да биде на дневен ред и исто така сме дека не е потребно ова прашање да се полемизира и да се става во врска за добивање на политички поени.
„Значи не се 70 илјади или 7 илјади лица кои имаат потреба од државјанство, туку до март оваа година 2764 лица аплицирале, додека на онлајн апликацијата на албанската опозиција, бројката е нешто повеќе од 1000 пријавени“, посочува Адеми.