Адеми држеше прес пред Уставниот суд – ДУИ не исклучува протести поради укинувањето на „балансерот“

од Nikola Popovski
111 прегледи

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми вечерва соопшти дека денешната одлука за укинување на „балансерот“ е чекор што означува црн ден за историјата на земјата. Вели дека ДУИ цврсто ќе стои во одбрана на правата на заедниците и нема да дозволи да бидат прекршени или загрозени..

Поранешниот министер држеше прес-конференција пред зградата на Уставниот суд, заедно со повеќе приврзаници на ДУИ, меѓу кои беше и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.

За Адеми денешната одлука е „шокантна“.

-Оваа моноетничка Влада настојува да произведува тензии, а ние тоа не го сакаме. Ние сакаме доследно да се почитува уставниот поредок. Оваа одлука е противуставна, против Охридскиот рамковен договор и против правичната застапеност, додаде Адеми на ноќната прес-конференција.

Според него, следните чекори на ДУИ се „сите демократски механизми на располагање и опции за делување“, вклучувајќи и протести, но се уште не се разгледани на дневниот ред на партиските органи.

Слични содржини