Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, денеска во изјава за медиумите од Собранието тврдеше дека има доволно мнозинство за гласање за реконструкција на Владата.
„Секако дека има доволно мнозинство, дури и над она што е потребно за гласање на реконструкцијата на Владата. Тоа суштински значи забрзување на реформските процеси, особено забрзување на реформите во судството, правна држава, помоќни институции, пред се функционален Парламент. Нашата желба и нашата покана е за Алтернатива и за Беса и за сите други да се приклучат за создавање на заеднички европски фронт“, рече Адеми.
Тој истакна дека сите прашања што произлегуваат од процесот на склучените договори со Европската унија се и остануваат приоритет на ова парламентарно мнозинство кое се проширува.