Адеми избран за нов координатор на пратеничката група на ДУИ

од Берта Китинска
421 прегледи

Пратеникот Арбер Адеми е нов координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, откако доскорешниот координатор Изет Меџити поднесе оставка.

Како што објави МИА, извори од ДУИ изјавиле дека Адеми е избран со потписи од сите пратеници од парламентарната група на ДУИ. Оттаму додаваат дека потпис ставил и поранешниот координатор Изет Меџити и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Изет Меџити рече дека оставката не е поради интереси за поголема функција или лични препукувања со Груби, туку дека го изразувал незадоволството на граѓаните, а се повлекол позицијата за да не влијае врз другите пратеници на ДУИ ако за одредени прашања има поинаков став и гласа против.

„Оставката или повлекувањето на шефот на пратеничката група е од повеќе причини. Значи, јас јавно велам дека имам свои забелешки, јас претставувам различно мислење во овој период во рамките на ДУИ, со моите забелешки до оваа извршна власт и за да не влијаам врз нив од позицијата координатор, сакајќи да биде појасна мојата позиција, затоа што од една страна го напаѓам вицепремиерот или политиките на извршната власт, од друга страна треба да ги бранам или да гласам за тие позиции во парламентот од таа позиција и да ги отстранам овие противречности мислам дека го поплочив патот да се има друг координатор кој ќе може да разговара со групите и да ги балансира овие концепти и полесно да ја извршува својата задача“, рече Меџити.

Слични содржини