Адеми: Курти им должи објаснување на Албанците за скандалозната изјава

од Nikola Popovski
401 прегледи

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми вели дека e скандалозна изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека не постои закон за употреба на албанскиот јазик во Македонија и дека поради тие зборови им должи објаснување на Албанците.

Адеми смета дека со истиот став „националистичките кругови“ во Македонија покренале иницијативи за укинување на албанскиот јазик, од кои едната, најсериозна, дошла од, како што вели, премиерот Христијан Мицкоски.

„Изјавата на Курти е скандалозна, штетна и воопшто не се заснова на факти. Токму затоа што албанскиот јазик е официјален, националистичките кругови кои користат ист речник како Курти, поведоа постапка пред Уставниот суд, а тоа се десетици иницијативи за укинување на Албанскиот јазик како службен јазик. Една од најсериозните иницијативи за укинување на албанскиот јазик е иницијативата на вчерашниот гостин на Курти, Христијан Мицкоски“, посочил Адеми.

Тој наведува и дека поради изјавите на Курти го прифатил извинувањето на бројни косовски политичари. Смета дека и Курти има обврска да ја разјасни својата изјава.

„Курти им должи објаснување на Албанците“, бара Адеми.

Слични содржини