Адеми: Милошоски, дали после 29 јануари почна да ти пречи платформата која не постои?

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Не ги навредувајте Албанците, побара пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми од Антонио Милошоски и од другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

dzevad ademi

– Сè има граница, и клеветата, и инсинуацијата. Милошоски, од кога ти пречи таканаречената Тиранска платформата која не постои. После 29 јануари? Ни пред 29 јануари, ни после 29 јануари, таа не постои. Албанците во Македонија имаат свои легитимни, легални политички организации, тие имаат легална и демократска политичка елита. Тие немаат потреба од инструкции, од наметнати документи и немаат потреба да бидат ничии аргати за други цели – рече Адеми и праша, дали на ВМРО-ДПМНЕ и пречи Талат Џафери да е претседател на Собранието.

Тој шеговито праша, дали собранискиот спикер ќе ги избрка инвеститорите, односно, колку инвеститори досега донел екс претседателот на Собранието Вељановски

– Дај освестете се, ве молам, Немојте. Денеска можеби дискурсот е интересен, утре ќе биде банален, задутре ќе биде здодевен – рече Адем