Адеми не гласал на претседателските избори, но тврди дека симпатизери на Европскиот фронт гласале

од Nikola Popovski
292 прегледи

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми информира дека Европскиот фронт ги оставил своите поддржувачи самите да одлучат дали ќе гласаат на претседателските избори. Според него, ако се направи споредба меѓу процентите на излезноста меѓу двата вида на избори, има мала разлика, но не до тој степен што би се одразила на фактичката состојба.

-Имало поддржувачи на Европскиот фронт кои што денес ја изразиле својата волја за претседателските избори. И претседателот Ахмети гласаше, и премиерот Џафери гласаше денеска, како и министерот за надворешни работи гласаше. Граѓаните по слободно убедување одлучиле дали да гласаат. Јас не гласав, рече Адеми од прес-конференцијата на ДУИ од Мала Речица.

Во текот на денот уште еден член на ДУИ и вицепремиер, Артан Груби објави видео на Фејсбук, на кое што беше забележано дека не земал ливче за претседателските избори, со што не гласал за ниту еден од двајцата кандидати.

Слични содржини