„Не знам, немам поим“, рече потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, во интервју за „360 степени“, одговарајќи на прашањето дали знае каде е Артан Груби.
„Мислам дека секој треба да се соочи со правдата. Јас мислам дека се водеше политичка хајка и се најавуваше неговото апсење многу месеци порано. И пред составувањето на Владата. Ги имате јавните изјави од политичарите дека ние кога ќе дојдеме на власт ќе го апсиме итн“, изјави Адеми.
На прашањето дали и ставањето на Артан Груби на црната листа на Соединетите Американски Држави (САД) го смета за хајка, Адеми одговори дека тоа е друга работа.
„Тоа ние го почитуваме како ДУИ. Тие ни се наши стратешки партнери. Но, дали има други луѓе на црната листа? Има. Дали се во затвор? Не се. Тоа е доволно“, рече Адеми.