Адеми: Ветувањето за прв премиер Албанец го поддржува и ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Поранешниот министер за образование, Арбер Адеми смета дека идејата за премиер Албанец е главна дел на ДУИ како дел од овој парламентарен состав и оваа Влада.

-Ветувањето за прв премиер Албанец ја има поддршката не само од СДСМ, туку и од ВМРО-ДПМНЕ и останатите албански партии. Тоа ќе прекрши уште едно табу. Кадрите на ДУИ ги прекршија табуата, некои бесмислени предрасуди и докажале дека на земјата не и се случува ништо лошо, со институциите што ги воделе досега. Така што нема ништо лошо со државата, напротив нејзините позиции кон развојот се зајакнати. Негувана е вредноста на еднаквоста, рече Адеми во гостувањето на емисијата „На патот кон…“.

Адеми рече дека името на кандидатот ќе го предложи ДУИ.

Слични содржини