АДКОМ предупредува поради високите сметки за струја: Банкрот или прекин на услугите што ги даваме

од Nikola Popovski

Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ денеска предупреди дека доколку не се преземе нешто, ќе се доведат во тешка ситуација, која ќе предизика други последици.

-Претпријатијата имаат големи финансиски загуби поради високите сметки за струја. Тие во некои се поголеми за десет пати, односно за 1000%. Бараме јавните претпријатија да плаќаат електрична енергија по цена иста како за домаќинствата, изјави денеска претседателот на АДКОМ Пеце Милевски и додаде:

– Во оваа ситуација во која што се наоѓаат претпријатијата има два избора – финансиски банкрот со којшто веројатно би се соочиле како претпријатие и тоа ќе предизвика недостиг или прекин на услугите што ги даваме и несигурност за 15 илјади вработени. Другата опција е ЈКП да поднесат нови пресметки до РКЕ за промена на цените односно услугите коишто ги даваат јавните комунални претпријатија.

АДКОМ предлага јавните комунални претпријатија да плаќаат струја по единствена цена за киловат час 5,28 денари како што плаќаат физички лица односно во блок три максимална опција без пресметување на евтина и скапа тарифа и финансиска помош од државата односно покривање на разликите меѓу планираните и фактички настанатите трошоци за електрична енергија.

Милески изрази голема благодарност до Регулаторната комисија за енергетика со која имаат контакти и до Синдикатите кои што даваат поддршка.

 

Слични содржини