Адмир Лисица за дојавите за бомби: „Македонија сака во ЕУ, но на одредени фактори тоа не им одговара“

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Целта на лажните дојави за бомби веројатно е во целиот регион да се предизвика чувство на несигурност и целиот регион е во една таква несигурна положба, изјави Адмир Лисица, геополитички аналитичар и историчар, во гостувањето во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Руското влијание, како што вели тој, во регонот е големо.

„Србија е најплодна почва, а останатите држави се насочени кон НАТО и ЕУ, па поради тоа ваквите акции се начин да се предизвика страв и несигурнст“, наведува Лисица.

Тој вели дека слична е ситуацијата, како во Македонија, така во БиХ, Црна Гора, но и на Косово.

„Во Северна Македонија како што можев да заклучам, ситуацијата е слична, Македонија сака во ЕУ, сака да биде дел од европското семејство, но на одредени фактори тоа не им одговара. И тогаш, целта е преку вакви акти, низ вакви акции, да се предизвика одредена нестабилност. Во моментов, веројатно тоа се во голем дел лажни дојави, но мора да се сфатат сериозно“, заклучи Адмир Лисица.