Адриана Лима како лице на Chopard

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Има жени кои носат со себе сjaj на аристократијата. Сините очи, полните усни и мачји поглед се заштитен знак на Адриана Лима, која не престанува да нè изненадува со уште и уште проекти за големи модни куќи.

Сега супермодел застанува како рекламно лице на Chopard и колекцијата “Magical Setting”, за да ни покаже дека дијамантите навистина ѝ стојат.

Бринетата блеска во новите производи на брендот, изработени во цветни форми што се новите трендови кај ѓерданите, обетките и прстените.

Тематски како накитот, косата на Адријана Лима е крената во несериозен кок, а почистите визии во бела и црна само го нагласуваат сјајот на накитот и длабоките сини очи на Адријана Лима.