Адутот на Трамп – бели мажи лути на феминизмот

од desk3
83 прегледи

Едно нешто стана јасно од оваа претседателска кампања – иако феминизмот ја промени американската култура и животот на жените, мажите далеку не еволуирале толку брзо, пишува Џил Филиповиќ во текст за. “Њујорк тајмс”, насловен како “Мажите кои заостануваат од феминистките” .

zx450y250_2858537

Сегашноста во голема мера е погодна за феминизмот. Традиционалните женствени црти – учтивост, создавање на значајни односи со луѓето, сослушување и комуникација, се уште се корисни во училницата и на работното место. Сега да бидеш жена може да значи многу работи. Не е невообичаено жена да биде адвокат или инженер, на никого не му е гајле дали косите ни се кратки, дали носиме панталони, дали кредитната карта ние на нивно име, дали играме фудбал, или си купуваме имот.

Мажите не ја добија оваа флексибилност. Светот се промени, но многу од нив останаа во минатото. Додека жените се пробија во традиционално сметаните за машки области, мажите не го направија тоа во спротивна насока. Тие вршат повеќе задолженија отколку предходно, но сепак главниот дел од неа паѓа на дамите. Доминацијата и приходите продолжуваат да го оформуваат нивниот идентитетот и кога ќе ги изгубат овие работи, мажите или се пренесуваат, или полудуваат. Веројатно тоа повеќе од сè друго го објаснува подемот на Доналд Трамп – тој вети на мачо- белите мажи да им го врати идентитетот.

Уште нешто: тој се натпреварува со жена, откако Америка имаше црн претседател во период од осум години. За многу од мажите, навикнати да ги гледаат сопствените лица по коридорите на моќта, тоа едноставно не се трпи повеќе.

Трамп им понуди удобно искупителни жртви – Мексиканците, муслиманите, трговските политики, политичката коректност – и вети дека ќе ги врати на посакувцаното место во општеството. Со редицата сопруги модели и актерки, парадите од убави девојки на конкурсите за убавина и вулгарни демонстрации на богатство- Трамп е олицетворение на фантазијата за машка власт.