Адвокат се нуди да ги брани убијците од Младеновац и Врачар: Би прифатил без да размислувам

од Nikola Popovski

Адвокат и пратеник на владеачката српска партија СНС, Владимир Ѓукановиќ, е подготвен веднаш да ги брани осомничените за масовните убиства кај Младеновац и во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, пишува Данас.

Тој тоа го напишал на својот Твитер профил.

„Неколкумина од вас ме прашаа дали би се согласил да го бранам У.Б. од Младеновац или К.К. Без воопшто да размислам, би се согласил. Работата на адвокатот и неговата професионална должност е да ја обезбеди најдобрата можна одбрана и да застане на страна на својот клиент дури и кога осудата на јавноста е толку силна и секако оправдана. Никогаш не се согласувам да осудувам некого пред суд и секогаш ќе се борам да се почитува презумпцијата на невиност, дури и кога се е очигледно. Тоа е адвокатска работа“, заклучил тој.

На констатацијата на една од корисничките на Твитер дека тоа е работа на адвокат, но дека не и е јасно како може да се брани нешто што не може да се одбрани, каде се е повеќе од очигледно и каде што нема оправдување, тој одговорил дека тој не го брани делото туку лицето.

Да потсетиме, минатата недела беше уапсен основец од „Владислав Рибникар“ осомничен дека убил девет и ранил седум лица, а уапсен е и млад човек осомничен дека убил осум и ранил 14 лица кај Младеновац.

Слични содржини