Адвокатите на Трамп: Демократите се залагаат за негово отповикување затоа што го гледаат како „политички ривал во иднина“

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Aдвокатот на поранешниот претседател Трамп, Брус Кастор Јуниор, изнесе аргументи против уставноста на постапката за отповикување.

Во долгиот говор пред Сенатот, Кастор ја пренасочи вината од Трамп и рече дека причината за ова судење за отповикување е да се спречи Трамп повторно да се кандидира за претседателската функција.

„Денес сме тука бидејќи мнозинството во Претставничкиот дом не сака да се соочи со Доналд Трамп како политички ривал во иднина. Тоа е вистинската причина зошто сме тука и затоа тие мораат да ја надминат правната пречка преку која не можат да поминат“, рече Кастор.

За потсетување, Демократите во Претставничкиот дом го обвинија Трамп за „поттикнување бунт“. За негово отповикување, потребни се две третини од гласовите во Сенатот.

Слични содржини