Европскиот суд за човекови права го прекрши правилникот во судскиот процес Планинска Бура, за кој на крај одлучи да ни ја одбие жалбата на пресудата на судовите на Македонија, во која нашите клиенти беа казнети на 10 години затвор, смета адвокатскиот тим од осудените од Бродец, информира Телма.
Според нив направен е пропуст затоа што во судењето и во донесувањето одлуката на судот во Стразбур учествувал Јован Илиевски, кој своевремено додека во mакедонските судови траело судењето за Планинска Бура, бил Шеф на организиран криминал во Јавното обвинителство.
Адвокатскиот тим до судот во Стразбур, пред 7 години имале поднесено жалба поради одбивање на mакедонските судови да се направи дополнително вештачење на целиот случај Планинска Бура.
Но Европскиот суд за човекови права, сметал дека вештачењето направено од Министерството за внатрешни работи било доволно а во нивната пресудата стои дека жалбата за осудените е неоснована и недопустлива.
Експертите сметаа дека неземањето во предвид на судот во Стразбур дека во случаите како Планинска бура треба да се направи уште едно вештачење е лош пример, кој македонските судови може во иднина да го практикуваат.
Во судскиот случај Планинска Бура беа осудени 17 лица за казни затвор од 10 години до 15 години./извор Телма