Адвокатката Инес Оленскаја го посетила опозицискиот белоруски новинар Роман Проташевич во затворот во Минск, четири дена откако бил приведен, соопшти денеска белоруското здружение на новинари.
„Проташевич е добро, тој не е „скршен“, позитивен е и весел и нема причина да се грижиме“, вели таа, додавајќи дека не може да обезбеди повеќе информации, пренесува агенцијата Тас с.
Исто така, таа не можела да открие на која локација се наоѓа затворот.
Белоруските власти слетаа авион на компанијата Рајанер во неделата поради наводна закана со бомба, а меѓу патниците беше и Роман Проташевич, ко-основач на каналот на Телеграм „Некст“, кој е забранет во Белорусија како екстремистички.
Поради овој потег на белоруските власти, ЕУ објавија санкции против Минск.