Адвокатката на американскиот претседател Доналд Трамп, Сидни Пауел, побарала директорката на ЦИА, Џина Хаспел, да биде отпуштена затоа што го игнорирала предупредувањето за софтверот за гласањето, за кој Пауел тврди дека е „направен да ги лажира“ изборите на 3 ноември.
„Не можам да разберам зошто Џина Хаспел сè уште е во ЦИА. Таа треба да биде отпуштена веднаш “, изјавила Пауел за „Фокс њуз“, посочувајќи наводни проблеми со софтверот за системи за гласање „Доминион“ што се користеше во неколку клучни држави за време на денот на изборите.
Таа посочила дека има многу „свиркачи“ за кои вели дека можат да потврдат дека софтверот „Доминион“ наводно бил користен за отстранување на „милиони“ гласови дадени на Трамп.
Sidney Powell – 1 of 5 pic.twitter.com/5tZgRQwitc
— GEOTUS-Elect M3thods 🇺🇸 (@M2Madness) November 15, 2020
Пауел смета дека постојат „многу начини да се докаже тоа“, но дека на националната телевизија нема да открие што има од доказите.
Хаспел беше назначена за директорка на ЦИА од Доналд Трамп во 2018 година и таа е првата жена во историјата на ЦИА на оваа позиција.
Во изјавата објавена на својата веб-страница, „Доминион“ тврди дека „категорично ги негира лажните тврдења за проблемите со замена на гласот во нашиот систем на гласање“.