Адвокатот Давидовиќ: Обвинителството промаши

од Берта Китинска
217 прегледи

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, во гостувањето во „Топ Тема“ на Телма изјави дека одговорност за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков треба да се бара кај Обвинителството.

– Одговорноста денеска се префрла, како и многу пати досега, од еден на друг. Но, доколку внимателно ги прочитате соопштенијата, а учествувате во кривичните предмети долги години, очигледно дека ќе лоцирате одговорност кај обвинителството.Ако Обвинителството давало завршни зборови во петокот, а мерки за обезбедување на еден од обвинетите бара дури во недела, јасно е дека промашиле. Постапиле ненавремено и не успеале го обезбедат, вели Давидовиќ.

Тој вели дека е јасно оти Министерството за внатрешни работи (МВР) не може да постапи ако нема судско решение.

– Не може да разговараме за правна држава. Имаме закон за Кривична постапка и полицијата нема право да ограничи ничии права, ниту слободата на движење ако нема судско решение, вели Давидовиќ.

Слични содржини