Адвокатот Миланов за смртта на Тот: Компјутертската томографија морало да ја покаже повредата

од Берта Китинска
237 прегледи

Она што го слушнавме, доктор Маја Мојсова остана на тоа дека не видела никакви повреди видливи односно на видлив дел од телото, со оглед да како што наведе, не може да го вртат телото, но повредите се во пределот на главата, оние што ги констатира Судска медицина кои што како такви би морале да бидат видливи и да евентуално во насока на нив се преземат и други дејствија, рече адвокатот Еленко Миланов во врска со сведочењето на лекарките од КАРИЛ за починатиот пациент Денис Тот кој беше примен на клиниката откако беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.

На новинарско прашање дали и да знаеле за повредата не би можело ништо да се направи и повторно исто би го лекувале, тој одговори дека и докторите од судска медицина, како што рече, „рекоа дека дури и да се знаело за таа повреда, шансите за спас биле многу мали, но, не и дека не можело ништо да се направи“.

Миланов посочи дека одбраната во конкретниот случај единствено оди на преквалификација и на тоа дали има умисла за убиство.

– Доколку нема, а ја нема очигледно, од кој удар и која повреда евентуално настапи смртната последица во оваа трагедија, рече тој.

Дури и да ја знаевме повредата на ’рбетниот мозок, курсот на лекување ќе остане ист, рече докторката Маја Мојсова-Миовска од КАРИЛ, која сведочеше во судскиот процес за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот (27) пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Скопје ноќта од 6 кон 7 април, за што обвинети се три лица.

Таа кажала дека учествувала во лекувањето на Тот на 7 април, како и наредниот ден кога тој почина. Мојсова вели дека причината за смртта генерално е престанок на работа на срце или на дишење.

-За жал ние сме анестезиолози и немаме алатка која што може да ни даде увид во тоа која е главната причина за смртта, ние во тој момент немавме податок, рекла таа.

Прашана какви надворешни повреди биле забележан при приемот, одговори дека на видливите регии не успеале да видат нешто што ќе ја објасни состојбата на престанок на работа на срце и престанок на дишење.

– До моментот кога пациентот почина немавме никаков податок што се случило со тој пациент, вели докторката.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство” од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Слични содржини