Одбраната на Јанакиески, Ристовски и Вељановски: Измената на обвинителниот акт е триумф

од Nikola Popovski

Адвокатот Еленко Миланов, кој ги застапува Јанакиески, Ристовски и Трајко Вељановски, посочи дека измената на обвинителниот акт е триумф за одбраната. Тој посочи дека обвинетите се товарат за организирање на протести до 28 март, кога во Собранието не се спречувало ништо.

„Измената на обвинителниот акт сметам дека е само пораз за истрагата на Обвинителството и сето она што го правела до отпочнување на главната расправа. Одбраната со своите докази успеа да докаже дека оние дејствија кои што им ги ставаа на товар се до сега, за кои наводно ги сториле, а со тоа и ова кривично дело – паднаа во вода. Сите тие пропаднаа и затоа сега Обвинителството оди со сосема нови дејствија за кои одбраната досега ниту се произнела, ниту во тој дел понудила свои докази. Затоа сметам дека овој момент е триумф на одбраната, со тоа што, она што се тврдеше дека е сторено, не постои во диспозитивот на обвинителниот акт. Сега, имаме сосема нови дејствија. Организирање на протести заклучно со 28 март или на еден ден од отпочнувањето на расправата по третата точка. Кој до тогаш, до тој момент, било што спречуваше во Собранието?“, прашува Миланов.

За обвинителката Вилма Русковска нема дилема дека обвинетите се организатори на упадот во Собранието и дека сѐ се знаело и сѐ било однапред испланирано, само не се знаел датумот. Според обвинението, Јанакиески и Ристовски, додека траел упадот, од штабот на ВМРО-ДПМНЕ им давале насоки на пратениците што и кога да прават. Сепак, обвинителката изјави дека нема конкретни докази дека двајцата обвинети ги организирале и ги координирале месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На барање на одбраната, судијата Илија Трпков го одлижи продолжението на денешното рочиште и следните ги закажа за 6 и 12 јули кога одбраната ќе ги изнесе своите завршни зборови. Обвинетите се товарат дека употребувајќи насислство направиле се’ да не биде избран претседателот на Собранието и да има мирно предавање на власта.

Слични содржини