„Доколку се што ветуваа и исполнија досега претставниците на власта, меѓу кои е и претседателката, ќе беше поништен договорот од Преспа и Договорот со Бугарија и ќе се сменеше Преговарачката рамка“, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски и најавите во 2024 година од тогашната опозиција, а денешна власт за амнестија на осудените од настаните од „27 април“.
Спасовски истакна, меѓу другото, дека по „крвавиот четврток“ се промениле многу нешта во политичкиот, но и општествениот живот на Македонија, но за жал не се промениле тогашните нарачатели и извршители во начинот на нивно делување.