236
По смртта на најистакнатиот опозициски лидер на Русија, Алексеј Навални, се огласи неговиот адвокат Леонид Соловјов.
Тој одби да ги коментира информациите на Федералната казнена служба врз основа на одлуката на семејството на Навални.
Адвокатот потсети дека го посетил Алексеј во средата и дека „тогаш сè беше во ред“.
Да потсетиме, најистакнатиот опозициски лидер на Русија во последната деценија, Алексеј Навални, почина во затвор во оддалечена област во близина на Арктикот.