Адвокатот на родилката чие бебе почина во Битолската болница: Двајца лекари сакаат да ја префрлат вината врз гинекологот кој не бил дел од породувањето

од Nikola Popovski
615 прегледи

Јанаки Митровски, адвокатот на родилката на починатото бебе во Битолската клиничка болница објави нови информации во врска со целиот случај. Тврди дека двајца лекари кои го вршеле породувањето сакаат да ја префрлат вината врз гинекологот кој ја водел бременоста, а не бил дел од породувањето.

-Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано `да си оди во Плодност ако не и чини` и останати омаловажувања. Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, однос ист од ЗБОР ДО ЗБОР!!!, стои во објавата на Митровски на Фејсбук.

Информира дека се обратиле до ОЈО Битола со нивен предлог на докази.

-Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена, а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната, потенцира адвокатот.

Младата родилка уште претходно обвини за низа пропусти, a се пожали и на третманот од лекарите. Таа преку објава потврди дека од болница е вратена дома, но демантира дека бебето било извлечено со вакуум. Убедена дека е жртва на ривалство, затоа што ја примил еден лекар, а породувањето го извршија други гинеколози.

По оваа трагедија, директорот на болницата Александар Обедниковски поднесе оставка од морални причини. Потоа следеше вонреден инспекциски надзор на ДЗСИ, а инспекторите утврдија недостатоци при третманот на родилката и најавија прекршочни и парични санкции за еден гинеколог, болницата и директорот.

Слични содржини