Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека неговиот адвокат Руди Џулијани е позитивен на коронавирус.
„Руди Џулијани, убедливо најдобриот градоначалник во историјата на Newујорк, и кој неуморно работи на разоткривање на најкорумпираните избори (досега!) во историјата на САД, е позитивен на кинескиот вирус. Руди, опорави се брзо, ќе продолжиме!!“, напишал Трамп на оваа социјална мрежа.
.@RudyGiuliani, by far the greatest mayor in the history of NYC, and who has been working tirelessly exposing the most corrupt election (by far!) in the history of the USA, has tested positive for the China Virus. Get better soon Rudy, we will carry on!!!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 6, 2020
Трамп не прецизираше кога Џулијани се заразил или дали има симптоми.
Џулијани ги водеше напорите на Трамп да го поништи резултатот од изборите во Америка, повторувајќи ги неоснованите тврдења дека измамата е фактор во победата на демократскиот кандидат Џо Бајден.
Универзитетот Џон Хопкинс во саботата забележа 213.875 нови случаи на коронавирус и уште 2.254 смртни случаи во САД, објави Гардијан.
На 2 октомври во светот одекна веста дека претседателот Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирус.
Најмалку 40 лица блиски до претседателот Трамп се тестирани на коронавирус од крајот на септември, вклучувајќи ги неговите синови Барон и Доналд Трамп помладиот, шефот на кабинетот Марк Медоуз и неговите бројни соработници во Белата куќа и републикански политичари.