Адвокатот на Трамп откри на што е фокусиран за време на судењето

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Џим Трасти, денеска изјави дека е фокусиран на отфрлање на неодамнешното обвинение против Трамп, а не на агресивната реторика на неговиот клиент за судијата и обвинителот на Менхетен.

„Мислам дека предлозите за отфрлање мора да бидат приоритет, бидејќи тие ја ‘ампутираат’ оваа правна грешка во старт“, изјави Трасти за Еј-Би-Си.

Прашан за неговите размислувања за нападот на Трамп врз судијата Хуан Меркан, неговото семејство и окружниот обвинител Алвин Брег, што доведе до тоа Трамп да биде предупреден пред судот во вторникот да внимава на неговите зборови, Трасти рече дека тој лично не сака да се приклучи на критиките.

„Нема да се грижам премногу, ниту пак можам да се обидам да ја контролирам политичката ситуација во моментов“, додаде Трасти.

На Трамп му се суди во Њујорк под обвинение дека преку посредник ѝ давал пари за ѕвездата на филмови за возрасни Сторми Даниелс да не излезе во јавноста пред изборите во 2016 година и да не зборува за нивната наводна афера.

Слични содржини