Адвокатот Туфегџиќ: Нотарските изјави на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ништовни

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Нотарските изјави што ги потпишаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ништовни и не произведуваат правно дејство, смета адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е поранешен судија.

„Не знам кој ве советува во однос на изјавите што ги заверувате на нотар, но знам дека советникот требало да ви каже дека таквите изјави се ништовни од причина што во изјавата е содржано неуставното име на државата и не може да произведе правно дејство ниту спрема државата ниту спрема давателот на изјавата. Со оглед на содржината на изјавата се поставува прашање за правниот основ за заверка кај надлежен нотар бидејќи дел од содржината е во директна спротивност со Уставот“, напиша Туфегџиќ на фејсбук.

Да потсетиме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека пратениците на опозицијата со нотарски изјави гарантирале дека нема да гласаат за уставни промени согласно францускиот предлог.

Дел од пратениците и ги објавија изјавите.

Слични содржини