Захарова ја исмеа реакцијата на земјите од НАТО на руските избори: Како лебарки на светлина

Од друга страна, зошто ги навредувам лебарките? Изборите се неправедни, но се „признаени“, без да ги признаат, туку со подготвеност за разговор“, напиша Захарова на „Телеграм“.

од Бети Божиноска

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја исмеа денеска реакцијата на земјите од НАТО на резултатите од руските претседателски избори, споредувајќи ги со „лебарки затечени од запалено светлина“.

„Во позадината на честитките до Владимир Путин од шефовите на земјите од светското мнозинство, агресивните членки на НАТО изгледаат како лебарки затечени од запалено светло: изборите се неправедни, иако не ги признаваме, подготвени сме да комуницираме. Од друга страна, зошто ги навредувам лебарките? Изборите се неправедни, но се „признаени“, без да ги признаат, туку со подготвеност за разговор“, напиша Захарова на „Телеграм“.

Претходно претставникот на германскиот владин кабинет, Кристијан Хофман, изјави дека германската влада „не го признава легитимитетот на претседателските избори во Русија, на кои победи Владимир Путин“.

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека Париз ги видел резултатите од претседателските избори во Русија според кои Владимир Путин е реизбран за шеф на државата. Според француските власти, претседателските избори биле одржани без непристрасно меѓународно набљудување, а Париз исто така го осуди гласањето на новите територии и на полуостровот Крим.

Владимир Путин освои 87,28 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија, соопшти Централниот изборен комитет по обработката на 100 отсто од гласачките ливчиња. Николај Харитонов освоил 4,31 отсто од гласовите, Владислав Даванков – 3,85 отсто, а Леонид Слуцки – 3,20 отсто од гласовите.

Официјалните изборни резултати ЦИК ќе ги соопшти на посебна седница в четврток.

 

Слични содржини