AfD слави поради Трамп: „Овие избори би можеле да бидат пример и за Германија“

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ја воодушеви десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

„Овие избори би можеле да бидат пример и за Германија“, изјави претседателката на AfD, Алис Вајдел за радиото Deutschlandfunk.

Таа оцени дека исходот од гласањето зборува за јасен став „против масовната миграција, криминалот и економскиот пад, против погрешната климатска идеологија, погрешната родова идеологија и политиката на војна“.

„Победата не ја извојува Холивуд, туку работните луѓе“, предложи Вајдел.

На прашањето дали републиканецот Трамп и неговото движење MAGA (Make America Great Again) се модел за AfD, Вајдел одговори потврдно.

„Направете ја Америка повторно голема – направете ја Германија голема – ох, се разбира! Затоа што ние како AfD ги застапуваме националните интереси и интересите на населението на Сојузна Република Германија. Се разбира, тој е наш пример“.

Слични содржини