Африка: Бројот на заразени надмина 230.000

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Повеќе од 6.000 смртни случаи поврзани со коронавирус се регистрирани од почетокот на пандемијата во африканските земји, а вкупниот број потврдени случаи се повеќе од 230.000.

Вкупниот број на Ковид 19 случаи во Африка моментно е 230.454. Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус е 6.221, при што во последните 24 часа се регистрирани 201 смртни случаи.

Оздравени се 105.000 пациенти, јавува ТАСС.

Јужна Африка има најголем број случаи на „Црниот континент“ – 65.736, со 1.423 смртни случаи. Следи Египет со 1.422 мртви и Алжир со 760.

Во суб-сахарска Африка, Нигерија е втора по Јужна Африка по бројот на случаи (15.181 заразени и 399 смртни случаи). Следува Гана (11.111 со 48).

Многу африкански земји продолжуваат да ги олеснуваат мерките, но своите надворешни граници ги држат затворени. Забраните за влез остануваат во сила во 43 од 54 африкански држави.

Слични содржини