Афроамериканец во САД застрелалан со 60 куршуми поради сообраќаен прекршок (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
376 прегледи

Стотици луѓе протестираа во неделата во Акрон, Охајо, во северниот дел на САД, по објавувањето на видеото од убиството на Афроамериканец кој, според неговиот адвокат, бил застрелан 60 пати. Додека властите апелираа за мир, толпата маршираше кон Градското собрание носејќи транспаренти на кои пишуваше „Правда за Џејленд“.

Џејланд Вокер (25) беше убиен на 27 јуни додека бегаше од полицијата по бркотница со автомобил поради сообраќаен прекршок. На видеото објавено од полицијата во неделата се гледа млад човек изрешетан со куршуми.

Антирасистичките организации повикаа на четврти ден протести во градот со 190.000 жители во близина на Кливленд во неделата.

Протестите беа мирни, освен еден момент кога демонстрантите се приближија до полицискиот кордон, навредувајќи ги.

По првиот митинг, толпата во текот на ноќта остана на улица. Немаше пријави за насилство.

Но, властите, плашејќи се од немири, поставија тешка механизација околу полициската станица за да ја заштитат.

Властите на Акрон, кои првично молчеа за инцидентот, конечно објавија две видеа во неделата.

Првата е компилација на видеа и слики од екранот од камерите на полициските лични камери со коментар. Втората е комплетната снимка од бркотницата и пукањето, исто така снимени од полициска камера.

Во коментарот се наведува дека Вокер не го запрел својот автомобил и побегнал, поради што полицијата започнала потера. Неколку полицајци рекоа дека било пукано од автомобилот на Вокер.

По неколку минути потера, Вокер излегол од автомобилот додека возел и почнал да бега. Полицајците се обиделе да го совладаат со помош на електрични парализатори, но не успеале.

Неколку од нив го стигнале на паркингот. Видеата не се јасни, па не е јасно што се случило потоа, но полицијата преку соопштение наведува дека „нивните животи биле во опасност“ поради однесувањето на 25-годишникот.

Сите полицајци потоа отвориле оган, испукајќи повеќе истрели. Вокер беше прогласен за мртов на местото на настанот.

Инцидентот потсетува на други смртни случаи на Афроамериканци во судирите со полицијата, што предизвика бран протести против расизмот и полициското насилство.

Градоначалникот Ден Хориган најави независна истрага.

„Јас сум адвокат 22 години и никогаш не сум видел нешто слично на ова видео“, изјави Боби Дичело, адвокат на семејството на жртвата, за „Њујорк Тајмс“.

Началникот на полицијата Стив Мајлет изјави дека форензичарите пронашле 60 рани на телото на Вокер. Дичело тврди дека бил погоден со 60 истрели.

Осумте полицајци кои учествуваа во неговата смрт се привремено отстранети од должност и примаат плата до завршување на истрагата.

Во твит во неделата, кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс, кој е роден во Акрон, рече дека се моли за својот град.

Слични содржини