По доделувањата следуваше традиционалната забава Vanity Fair која привлече многу познати личности. Покрај актерските ѕвезди и добитниците на Оскар, на забавата, се појавиле и некои други познати личности кои немаат никакви дирекни врски со Холивуд и филмската индустрија.
Така, со оскаровците се забавуваа Ким Кардашијан, Канје Вест и Кајли Џенер, а вниманието го привлече и манекенката Емили Ратајковски која се појави во бел корсет и тексно бело здолниште со многу низок струк и го покажа неверојатното тело.
Ким се појави во раскошен фустан од Alexander McQueen од 2003 година, додека Кајли погледите ги мамеше во металик фустан со потпис од Ralph&Russo кој ги нагласуваше нејзините облини.
„Не можев да седам баш во ова, но вредеше“ напиша Кајли на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B8YLXe9njFB/?utm_source=ig_embed
Канје, пак, позираше во кожно одело со очила за сонце и огромен златен ланец околу вратот.
На афтерот се појавија и Џон Леџенд и неговата сопруга Криси Тиген која го привлече вниманието во зелен фустан со длабок процеп.