Агелер: Речиси 80 отсто од граѓаните во оваа земја сакаат да бидат дел од ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
8,9K прегледи

Многу се надевам дека пратениците, лидерите и членовите на сите политички партии повторно ќе го препознаат овој клучен момент за оваа земја и ќе донесат одлуки кои се за доброто на граѓаните, а не во интерес на нивните политички или лични аспирации. Оваа земја може и ќе има огромна корист од членството во ЕУ и членството во широката трансатлантска заедница. Ова е одговорот од амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, која гостуваше во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, на прашањето во врска со најавите од опозицијата дека нема да гласа за уставните измени.

„Tоа е државна цел на оваа земја и речиси 80 проценти од граѓаните во оваа земја сакаат да бидат дел од ЕУ. Патот напред е многу јасен и повторно се надевам дека лидерите и избраните функционери, кои беа избрани со цел да ја направат вистинската работа за доброто на своите граѓани, да ги направат тие тешки избори сега и да ја придвижат својата земја напред кон поголема стабилност, просперитет и можности“, рече Агелер.

За начинот за решавање на спорот со Бугарија, односно прифаќањето на т.н. Француски предлог, амбасадорката вели дека по разговорите со политичарите кои биле дел од преговорите, ова била најдобрата зделка за земјата.

„Мораат лидерите на двете држави да бидат способни да продолжат понатаму. Тоа е најдобриот интерес за земјата, да се решат меѓусебните разлики, да се исполнат обврските преземни минатото лето и да бидам искрена, јас не бев тука минатото лето. Не бев дел од групата која што го ревидира Францускиот предлог и кои што одлучија да продолжат согласно предлогот, но разговарав не само со американската страна туку и со овдешните лидери кои што беа дел од преговорите и тие се чувствуваа многу сигурни дека позициите кои беа понудени се најдобрата можна зделка за земјата да продолжи напред со преговорите. Затоа сега прашањето е како да се продолжи кон ЕУ, затоа што тука лежат изворите на сите можности за економски раст на оваа земја кои верувам дека ѝ се потребни и ги сака. Затоа се надевам дека ќе престанеме да гледаме во минатото и гледано од историски контекст да престанеме да се грижиме за поплаките и компромисите во минатото, и наместо тоа да гледаме во иднината“, рече Агелер.

Слични содржини