500
Амбасадорката на САД во С.Македонија, Анџела Агелер излезе со реакција откако министерството за финансии на САД го стави бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев на црната листа.
#Accountability #FightCorruption pic.twitter.com/DVnwmXcu2Y
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) July 19, 2023
„Денеска министерството за финансии го стави на црна листа бизнисменот Орце Камчев за корупција, поткуп, перење на пари и други криминални прекршоци. Овие санкции не само што влијаат на холдинзите и сопственоста на Камчев, туку и на тие кои прават бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани лица кои го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на С.Македонија. Корупцијата има последици“, сподели таа на Твитер.