Американските амбасадори на Балканот се собраа во Тирана, на првата ваква конференција на претставници на мисијата на САД, каде што разговараа за регионалните и глобалните приоритети.
На средбата во четвртокот присуствуваа специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин.
Домаќин на средбата беше амбасадорот на САД во Албанија, Јури Ким, а присутни беа амбасадорот во Србија, Кристофер Хил, вршителот на должноста на американската амбасада во Хрватска, Марк Флеминг, амбасадорката во Црна Гора, Џуди Рајсинг Реинке. Амбасадорот во Северна Македонија, Ангела Агелер, амбасадорот во Грција, Џорџ Цунис, како и амбасадорите на САД во Бугарија, Кенет Мертен, Мајкл Марфи во Босна и Херцеговина и Џефри Ховениер во Приштина, јавуваат „Репортер“.