Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја оствари својата последна посета на странска земја на 14 септември, кога ќе се сретне со лидерите на Западен Балкан во Албанија во рамките на Берлинскиот процес, пренесува „Репортери“.
„Официјален Берлин верува дека Тирана и Рама ги релаксираа односите меѓу балканските земји со текот на годините, особено со меѓусебните посети на Белград, кои првично беа непријателски“, изјави извор за АП.
За време на оваа посета, Меркел ќе се сретне со сите лидери на балканските држави, а со исклучок на српскиот претседател Александар Вучиќ, средбите ќе се одржат на ниво на премиер.
По средбите, канцеларката ќе ја пренесе својата порака и на прес -конференцијата.
Се очекува таа да ја има последната средба со косовскиот премиер Албин Курти, каде тема на разговор ќе бидат Берлинскиот процес и германската агенда на Балканот.
Берлинскиот процес започна со конкретни, но скромни цели, како што е олеснување на регионалната соработка помеѓу шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – но со визија да помогне во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ.
Неговата најважна компонента е таканаречената „Агенда за поврзување“, која првично имаше за цел да ги поврзе шесте земји од Западен Балкан во областа на транспортот и енергетиката, а подоцна и да ја прошири оваа врска со младинската размена и економската соработка.
фото – Андрей Гудзенко/LIGA.net