276
Актерката Џилијан Андерсон, која најмногу е препознатлива од гледачите како Агент Скали од серијата „Досиејата Х“, се соблече гола во знак на протест.
49-годишната русокоса учествува во специјална фотосесија за организацијата „PETA“, која е насочена кон заштита на правата на животните.
За сесијата позира гола, и единствениот додаток се ушите на црна мачка.
„Повеќе сакам да одам гола, наместо да облекувам кожи“, е пораката на актерката.
Џилијан Андерсон е вегетаријанец и редовно се вклучува во акции, кои ги заштитуваат правата на животните.