Агентот на Дибала: Многу играчи не се среќни во Јувентус

од Vlatko K
70 прегледи

Паоло Дибала има многу можности за разделба со Јувентус, откри неговиот брат и агент Густаво
Дибала.


Од неодамна се посилно се дискутира за евентуален трансфер на аргентинскиот фудбалер.

„Проблемот е што со Кристијано Роналдо на теренот, никој не може да направи ништо. Паоло се
чувствуваше добро во Италија, но повеќе не е. Многу играчи на Јувентус не се задоволни. Тој нема
да биде единствениот што ќе замине“, се вели во изјавата на Густаво Дибала за италијанските
медиуми.