Агентот на Икер Касиљас, Карлос Кутропиа, откри детали за тоа што се случи со шпанскиот голман,
кој во средата доби срцев удар за време на тренинг-сесијата на неговиот тим Порто.
Излегува дека самиот Касиљас не го разбирал она што го доживеал пред да оди во болница.
Кутропиа нагласува и на фактот дека сè се случило при присуството на медицинскиот тим на Порто,
кој завршил одлична работа за да може Касиљас да ја постигне „најголемата победа во својот
живот“. Според агентот, последиците за голманот во други околности можеле да бидат ужасни
.
„Икер имаше интентивни тренинзи во вторник, а потоа во средата наутро. За време на тренингот во
средата тој се почувствувал лошо и градите, устата и рамената го болеле. Може само да сме
благодарни на медицинскиот тим на Порто, кој го одвел Икер до болница толку брзо“, рече
Кутропиа за „Радио Копе“.
„Во ниту еден момент тој не се онесвести или изгубил свест. Се почуствувал лошо, но не мислел
дека претрпува срцев удар. Тој не знаел што се случува со него. Му било кажано едвај по
операцијата. Никогаш немал никакви симптоми и ништо не се случило со него, тоа беше шок за
секого“.
„Тој имаше голема среќа дека тоа се случи, каде што се случи и беше блиску до медицински
експерти. Ако се случело во неговиот дом, познавајќи го Икер, тој најверојатно ќе заминел да
тренира потоа и последиците можеа да бидат ужасни“.
„Докторите беа одлични професионалци и многу брзо реагираа и многу сме благодарни до
медицинскиот тим во Порто“, вели агентот.
Кутропиа призна дека се уште не разговарал со Икер за неговата иднина во фудбалот, но според
него тој е „борец“ и не гледа причина да не се врати на теренот, ако се чувствува доволно добро во
иднина.