Министерството за внатрешни работи информира дека професорка од средно училиште пријавила дека родител на ученичка се однесувал агресивно и ѝ упатил закани за време на родителски состанок.
На 13.06.2023 во 20:15 часот во Полициската станица Центар, Т.П.(50) од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, пријавила дека за време на родителски состанок, З.Х. од Скопје, родител на ученичка, агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.