АХА: Ако коитусот е рамноправен чин, зошто „фалусот“ има предност?

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Кога се наближува празникот на жената, 8-ми март, се организираат манифестации, дебати и фестивали за значењето на хуманитетот и почитта кон жената. Дали жената го добила своето место во општествен контекст, уште во „Соба со поглед“ големата писателка Вирџинија Вулф посочува, дека со добивањето на право на глас, жената е испрaвена пред друг општествен проблем, а тоа е заработувачката. И несомено во „Три гвинеи“ ќе даде критички осврт на политичките и економски односи кон градењето на супериорниот пол, посилниот, маскулината која се обидува да ја пасивизира фемината со кратење на финансиските можности.
Elsa-Mora14

Што во денешен контекст претставува феминизмот, е тешко да се одговори. Современото живеење создаде поголеми проблеми во обидот да ја дефинира жената како слободна. Се повеќе се зголемува затскриената репресија и притисок врз фемината низ различни механизми. Жената во името на љубовта е мајка, сопруга, домаќинка, гради кариера и најважно од се, таа е општествено деградирана и изложена на поголем притисок во градењето на економскиот интегритет. Фактот дека е помалку платена и недоволно вреднувана на пазарот на трудот, само ја надополнува оваа теза.

Судбината на „фемина“ ја опишува и режисерот Ким ки Дук, а воедно овој краток филм ја претставува жената како извор на движечката енергија во дејствување, за која не секогаш маскулините се доблесни да ја признаат.

Ако коитусот е рамноправен чин, тогаш зошто „фалусот“ има предност?

Ако се гледа приказната низ системот за репродукција, или настанувањето на човековото битие, тогаш правото да се бира полот или физичката предност е неодредена. Иако крајно метафизички или платонистички се настапува кон бранењето на ваквата теза, за жал, светот е плод на насилство, каде супериорноста се гради преку сила и моќ, а тоа на жената не и е предодредено.

„Мораме да признаеме дека капиталот (капитализам) е многу успешен во прекривањето на нашата работа. Создаде ремек дело за вреднување на жената. Со негирањето на платата за домаќинство, трансформирајќи ја како акт на љубов, капиталот уби неколку птици со еден удар“, предупреди Силвија Федеричи, потенцирајќи ја и другата страна на оваа приказна, т.с системско дисциплинирање на мажот преку зависноста на жената.

Затоа, тезата „ Да мила, ти си вистинска жена“ е нешто што треба да биде надминато.

Вероника Камчевска