Ахмети бара меѓународни експерти за борба против корупцијата: „Не се сите ангели во ДУИ“

од Nikola Popovski

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети смета дека со меѓународни експерти ќе има кредибилен процес во борбата против корупцијата.

-За да бидеме посериозни, јас сум зборувал и со другите политички партии, за да сите се солидаризираме околу ова прашање-борбата против корупција. Но за да биде процесот кредибилен, да има и меѓународни експерти во тоа, за да овој процес биде доверлив за граѓаните, но и за тие коишто ќе бидат прогласени како виновни бидејќи некој може да каже дека ова е одмазда и затоа побаравме да има експерти од страна на меѓународната заедница, правни експерти кои што би ни помогнале во овој процес. Борбата против корупцијата не е лесна, доколку нема одржливо партнерство меѓу политичките партии. Јас сум кажал дека не се сите ангели во ДУИ, но јас имам политички органи, немам јас обвинителски органи. За да биде процесот кредибилен бараме меѓународната заедница да прати, меѓународни експерти за да стане доверлив процесот, рече Ахмети на прес-конференцијата во седиштето на ДУИ по завршување на внатрепартиските избори како одговор на новинарски прашања поврзани со дилемите во јавноста дали има влијание и корупција околу бизнисите на членовите на неговото пошироко семејство и како и другите партиски функционери во ДУИ.

Ова следува после обвинувањата за неговиот внук Дрин Ахмети околу купувањето на ТЦ „Соравија“ и добивањето финасиски средства од ФИТР, како и ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од редовите на ДУИ, на американската црна листа.

Слични содржини