Ахмети: „Бракот“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АА е само за една употреба

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ беше голем проблем, затоа што постојано се поставуваше како една националистичка и антиалбанска партија, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, Мицкоски направил тактички потез што коалицирал со албанската опозиција.

-Со тоа тој сакаше да покаже дека не е националистичка и антиалбанска партија и ги заборави брзо навредите на опозицијата и Села. ВМРО кога е во опозиција е националистичка и антиалбанска партија, а кога е на власт не се однесува така, констатира Ахмети.

Тој смета дека „бракот“ на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците е само за една употреба.

-Тоа е брак без никаква основа. Немаат концепт. Таа соработка нема иднина. Тоа е брак само за една употреба. Оваа коалиција ваква каква што е, каде Албанците гласаат против Албанци во Кичево, и на крај мислам дека ова ќе го пишува и во учебниците по историја, вели Ахмети.

Слични содржини