Политичките случувања во земјата, пандемијата, локалните избори и пописот на населението биле теми за кои денеска разговарале претседателот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, информира ДУИ.
Споредд партијата, Ахмети и Галовеј разговараа и за отвореното прашање со Бугарија како пречка за интеграцискиот пат на земјата.
„Договорот за добрососедство е основа за надминување на неразумниот и наметнат спор. Ахмети и Галовеј разменија мислења и за актуелните политички случувања во земјата, дијалогот меѓу власта и опозицијата, но исто така разговараа и за справувањето со пандемијата“, велат од партијата.
На средбата се дискутирало и за пописот на населението кој продолжува до се спроведува до крајот на септември а, во кој случај е обезбедена и поддршката и учеството на опозицијата. Ахмети апелирал до дијаспора да продолжат да се регистрираат онлајн.
Станало збор и за локалните избори кои се очекува да се оддржат некаде кон крајот на годинава. Ахмети ги спомнал и подготовките што се прават со цел да се завршат тековните проекти и да се изготви конкурентна понуда за секоја општина. Лидерот на ДУИ ветил дека реформите што се во корист на граѓаните и на држава ќе продолжат и тоа во координација со Европската Унија.
– Амбасадорката Галовеј истакна дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија со цел да ги спроведе сите потребни реформи и со тоа да ја постигне својата стратешка цел и да стане дел од Европската Унија.