Ахмети: ДУИ не е направена за да се распадне, туку е формирана за да гради

од Stefanija Kuzmanovska
123 прегледи

По три часа седница, Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одлучи следната недела повторно да се состане.

Според изјавите на претседателот Али Ахмети и на портпаролот Бујар Османи, наредниот пат најверојатно ќе има можност за внатрепартиска дебата за прашања околу партиското работење кои во јавноста ги наметнаа членови кои се дел од т.н.. „Огнена група“. Ќе продолжи да се дебатира и за темата „Фронт за Европа“ односно процесот за уставни измени со цел членство во ЕУ.

„Идната недела ќе разговараме за конкретни делови за работа на Фронтот, но и за развојот внатре во ДУИ, и другите партии. ДУИ не е направена за да се распадне, туку е формирана за да гради. Нашата партија не е формирана за поделби, туку да формира нови работи. Разговаравме за европскиот фронт. Ако е потребно, може да разговараме пак за таа тема“, изјави Али Ахмети по средбата со членовите на Централното претседателство.

Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека денешната редовна седница на Претседателството била посветена на т.н. Фронт за Европа поради можноста за брзо членство во ЕУ.

 

Слични содржини