Десетина дена пред новата 2020 година, Демократската унија за интеграција на когрес ќе му даде уште еден мандат на лидерот Али Ахмети. Иако минатата година се навестуваше дека во ДУИ се бара наследник на Ахмети, како што вели функционер од партијата за Локално, поради крупните промени во државата, сепак било одлучено тој да добие уште четири години на чело на државата.
Како клучен пресврт во одлуката на ДУИ, функционерот ги наведува влезот во НАТО и речси извесниот почеток на преговори со Европската унија идната година, но неспорна е и внатрешната поделеност за тоа кој би трбало да го наследи Ахмети по неговото повлекување од политиката.
Партијата на 21 декември освен реизборот на единствениот кандидат за лидер на партијата, ќе донесе и измени во статутот и нова платформа на партијата. Освен тоа, интегративците ќе изберат и шеф на изборниот штаб, а промени ќе има и во центраното претседателство на партијата.
Али Ахмети е лидер на Демократската унија за интеграција уште од формирањето на партијата, во 2002 година. Иако редовниот конгрес требаше да се одржи летово, поради несогласувањата во партијата за тоа кој треба да го наследи Ахмети, истиот се одложуваше. Одлуката истиот да се одржи на крајот на годинава паднала заедно со одлуката тој да добие уште еден мандат.
А.Т.