Ахмети формира „Европски фронт“ со Реџепи Зејд: „Русија е веќе тука и основала партија“

од Nikola Popovski
342 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска потпиша договор за заеднички настап на изборите со претседателот на Движењето на народот и пратеник во Собранието, Скендер Реџепи Зејд. Како што велат од партијата, Ахмети го формира „Европскиот фронт“ кој ќе биде пречка за „руското влијание во земјата. Иако претходно долго време беше најавуван покрупен фронт, ДУИ не се договори со СДСМ за заедничко учество во изборниот процес.

-Ние секогаш сме сонувале како Албанците ќе бидат обединети во еден фронт. Зошто сега се враќам на историја? Затоа што ги знам моите соништа. Големите нешта не се прават сами. Ова обединување на Албанците во Македонија е бидејќи нештата во глобалната политика чекорат лошо. Ова обединување е повеќе од потребно – треба да се поддржи од сите заедници во државата. Овој фронт ќе излезе во пресрет во секој дел од општеството. Сите треба да ги поддржиме овие обиди кои произлегуваат затоа што Албанците историски изгубиле во одлучни моменти кога не биле обединети. албанското тло е распарчено – затоа да се засилиме. Од денеска сме еден народ и треба да ги реализираме соништата на нашите претци. Да не паѓаме во заседа на малите партии, туку да ја гледаме нашата историска мисија и да ја држиме во живот, рече Ахмети по потпишувањето на договорот со Реџепи Зејд.

Лидерот на ДУИ го повтори постојаниот став дека само со членство во ЕУ ќе се спречат луѓето да бегаат од државатта.

-Русија не треба да се запостави. Веќе е во нашата земја и основала партија, има медиуми овде, основала милитанти овде кои сакаат да ни го попречат патот, за кој сме силно определени. Сакаме мирен и чист Балкан, регион кој што ќе се зачлени во ЕУ, како што влезе во НАТО, додаде Ахмети.

Вели дека е во преговори и со други партии за приклучување. Тоа е отворен процес кој е отворен подолго време, додава Ахмети.

Иако претходно долго време беше најавуван покрупен „Европски фронт“, ДУИ барем засега не се договори со СДСМ за заедничко учество во изборниот процес.

Слични содржини