Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Бошњачката Демократска Унија, Мунир Колашинац денеска се договориле за проширување на Европскиот фронт, со што партијата сочинета од членови на бошњачката заедница ќе се приклучи на новата коалиција во пресрет на изборите. Како што објави ДУИ, Колашинац ќе биде дел од изборните листи на Европскиот фронт за пратеници во Изборната единица 1.
Пред неколку дена, Европскиот фронт инициран од ДУИ потпиша договор за коалиција со ДПА на Мендух Тачи, Алијансата за Албанците на Зијадин Села, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, Европската демократска партија на Аријанит Хоџа, Турската демократска партија на Бејџан Иљас, Сојузот на Ромите на Фатима Османовска, Движењето на македонските Турци за правда и демократија претставено од Сулејман Баки.
Според ДУИ, Европскиот фронт едногласно ја поддржува заедничката кандидатура за претседател на кандидатот Бујар Османи.